Симболиката и структурата на пастирскиот пролог
STRUCTURE AND SYMBOLISM OF PSALM’S PROLOGUE
Author(s): Gjoko GjorgjevskiSubject(s): Biblical studies, Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: structure; symbolism; rhetorical analysis
Summary/Abstract: Првиот псалм од библискиот Псалтир честопати се нарекува „пролог“, а тоа го должи на позицијата на почетокот од псалтирската збирка. Станува збор за исклучително важен текст, но не само поради не-говата содржина, туку и поради неговите формално-текстуални и структурни карактеристики. Врз основа на основната поделба на доброто и злото, блаженството и проклетството, структурата на овој псалм е би-нарна на литературно ниво. Се разбира, дадена е предност на позитивна страна, но поставувањето во ос-нова е антитетично. Човекот се наоѓа пред изборот на две спротивставености: како да ги избере доброто и животот, а да ги избегне злото и смртта. Поставувањето на изборот преку претставата на двата пата е најсилната симболика на псалмот и таа претставува основа која ги поддржува сите останати симболични парадигми.
Journal: Context/Контекст
- Issue Year: 2017
- Issue No: 16
- Page Range: 39-48
- Page Count: 10
- Language: English