THE COLLECTION OF SACRED BOOKS ACCORDING TO THE FOURTH (THIRD) BOOK OF EZRA
Збирката на свети книги според Четвртата (третата) книга Ездра
Author(s): Gjoko Gjorgjevski, Marija TodorovskaSubject(s): Christian Theology and Religion, Cultural history, Biblical studies, History of Religion
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: Ezra; sacred scriptures; canon
Summary/Abstract: Во овој текст накратко се разгледува проблемот на големиот број на споменати книги во Третата книга Ездра според македонското издание на Библијата, попозната како Четврта книга Ездра, и сметана за псевдоепиграфско дело во светската библистика. Во книгата се пренесува важна белешка за постоењето на оформена збирка на свештени книги веќе во петтиот век пред нашата ера. Во оваа статија е посочена значајноста на фактот дека во книгата се признава дека само дваесет и четири свети книги биле во јавен оптек од времето на Ездра. Според ова сведоштво, Ездра, свештеникот и обновител на верата и побожноста на Израил по враќањето од Вавилонското ропство, требало да „ги направи јавни дваесет и четирите книги“ што биле напишани пред неговото време, и да „ги задржи оние седумдесет, што биле напишани последни“ (14:44-48). Во текстот се разгледува можноста според која споменатите дваесет и четири книги соодветствуваат со дваесет и двете книги споменати од страна на Јосиф Флавиј (Против Апион, I.8), но се нотира дека е невозможно да се определи идентитетот на останатите седумдесет книги. Се претпоставува дека тие би требало да бидат тесно поврзани со езотеричките традиции споменати во апокрифната литература (Енох и книгата Јубилеи), но се разгледува и можноста дека воопшто немало посебна намера во врска со специфичниот број на книги, односно дека споменатите броеви имале само симболичка вредност.
Journal: Context/Контекст
- Issue Year: 2020
- Issue No: 21
- Page Range: 53-62
- Page Count: 10
- Language: English