ОБИДИ ЗА ГРАДЕЊЕ ОДРЖЛИВ ЖИВОТ ВО РУРАЛНИТЕ ОБЛАСТИ. ПРИМЕРОТ СО ПРЕЗИДИУМИТЕ НА СЛОУ ФУД
ATTEMPTS FOR BUILDING SUSTAINABILE LIVELIHOODS IN RURAL AREAS. SLOW FOOD PRESIDIA EXAMPLE
Author(s): Atanaska StanchevaSubject(s): Sociology of Culture, Socio-Economic Research
Published by: Институт за етнологија и антропологија, Универзиетет »Св. Кирил и Методиј«
Keywords: sustainability; rural areas; livelihoods; Slow Food movement; family enterprises
Summary/Abstract: Целта на оваа статија е да го набљудува начинот на кој се имплементираат глобалните идеи на движењето Слоу фуд (Slow Food movement) за одржливост и зачувување на биодиверзитетот на храната на локално ниво. Студијата испитува различни модели и стратегии на животни стилови во руралните средини, како што се традиционалните начини на производство на храна и алтернативниот туризам, фокусирајќи се на улогата на семејството во процесот на основање, имплементација и нивно одржување. Претставени се перцепциите на локалното население во врска со идеите на Слоу фуд и локалните производи. Од суштинско значење за создавање одржливи стратегии на живеење се личните ресурси, претприемачката визија и владините регулативи поврзани со традиционалната домашна храна.
Journal: EthnoAnthropoZoom / ЕтноАнтропоЗум
- Issue Year: 2018
- Issue No: 17
- Page Range: 140-190
- Page Count: 51
- Language: Macedonian