Концептот европски политички идентитет и границите на Европа: реални, имагинарни и идеолошки
THE CONCEPT OF THE EUROPEAN POLITICAL IDENTITY AND THE BORDERS OF EUROPE: REAL, IMAGINARY AND IDEOLOGICAL
Author(s): Angelina Banović-MarkovskaSubject(s): Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: Europe; the Balkans; identities; borders; heterogeneity
Summary/Abstract: Југоисточниот дел од Европа познат под името Балкан, не ретко е препознаван и како Id на западноевропското Ego. Неговата геополитичката положба која го прави поблизок до Истокот отколку до Западот, ја допушта таа аналогија со Фројдовото сфаќање за неидентичноста на идентитетот виден како композит од различни истоветности. Тие се надополнуваат меѓусебно во идентитет од разлики што го прави Балканот – истовремено – и центар и периферија, и ергон и парергон на она што се нарекува европски дух и цивилизација. Вградено во стандардите на Унијата, тоа ги дава темелите за новиот политички ентитет во настанување – европскиот културален идентитет – чиј наднационален, хетероген и „повеќегласен“ концепт треба да ги надмине ограничувањата на националните култури. Но пред да се случи тоа треба да се проучи неговиот јазик, да се деконструираат постојните стереотипи за да се реализира долгопосакуваниот сон кој ќе му овозможи на Делот враќање кон Целината. Така Европа ќе може да воспостави дијалог со сопствената внатрешност, со своето подзаборавено себство. Без трауми и комплекси, без зазор од алтеракции...
Journal: Context/Контекст
- Issue Year: 2011
- Issue No: 9
- Page Range: 17-22
- Page Count: 6
- Language: English