Репрезентација на субјектот и прашањето за идентитетот во романот Куцкамен од Хулио Кортасар
THE REPRESENTATION OF THE SUBJECT AND THE IDENTITY QUEST IN JULIO CORTAZAR’S HOPSCOTCH
Author(s): Nikolina StojanovaSubject(s): Novel, Theory of Literature
Published by: Институт за македонска литература
Keywords: modernism; language treatment in modern literature; structural deconstruction; identity; conceptualization of the Other; articulations of the Other
Summary/Abstract: Овој труд е посветен на интерпретација на романот Куцкамен од Хулио Кортасар. Овој роман е особено битен бидејќи ја претставува модерната парадигма на повеќе нивоа: синтагматско, парадигматско, симболичко и јазично ниво. Дефрагментираната структура е паралелна со личната поетика на авторот и со убедувањата на главниот лик. Јазикот како медиум е уште едно прашање кое овој роман го поставува трудејќи се, преку главниот лик, да ни ги предочи пречките што јазикот ги наметнува, но и значењето и моќта на изразот за кои се чини, единствено јазикот е способен. Така овој роман станува автореференцијален. Артикулацијата и местото на Другиот е од огромна важност за разбирањето на овој роман, бидејќи Другиот како категорија е теоретизиран во модерната филозофија, но е и уметнички третиран од страна на аргентинскиот автор. Аспектите на Другиот се предадени како преку јазичниот третман така и преку општата конструкција на ликовите и на содржината, но и преку посуптилни средства, како што е теоретизирањето на џез-музиката.
Journal: Context/Контекст
- Issue Year: 2011
- Issue No: 9
- Page Range: 65-83
- Page Count: 19
- Language: English