INDEPENDENT BODIES (REGULATORY BODIES, AGENCIES) IN FUNCTION OF GOOD GOVERNANCE OR ITS DILUTION AND BUREAUCRATIZING Cover Image

САМОСТОЈНИТЕ ОРГАНИ (РЕГУЛАТОРНИ ТЕЛА, АГЕНЦИИ) ВО ФУНКЦИЈА НА ДОБРОТО УПРАВУВАЊЕ ИЛИ НЕГОВО РАЗВОДНУВАЊЕ И БИРОКРАТИЗИРАЊЕ
INDEPENDENT BODIES (REGULATORY BODIES, AGENCIES) IN FUNCTION OF GOOD GOVERNANCE OR ITS DILUTION AND BUREAUCRATIZING

Author(s): Borče Davitkovski
Subject(s): Politics / Political Sciences, Law, Constitution, Jurisprudence, Governance
Published by: Makedonska akademija na naukite i umetnostite
Keywords: regulatory bodies; independent authorities; government; public administration; agencies
Summary/Abstract: Во Република Македонија од 2000 година до денес, 2018 година, се основани околу 50 самостојни органи. Кога зборуваме за самостојните органи, во оваа група ги вбројуваме трите вида самостојни органи, а тоа се самостојните органи на државната управа, независните органи и регулаторните тела. Овие органи претставуваат хетерогена појава, на кои со посебни закони што се носат со обично мнозинство им се врши пренос на овластувања и одговорности од соодветната област. Овие органи се структурално издвоени и автономни од органите-носители на законодавната, судската и извршната власт, па оттука како предмет на истражување во овој труд е да се утврди нивната положба во системот на поделба на власта, кое е разграничувањето помеѓу овие органи и утврдувањето на причините за нивниот постојан пораст кој влијае за хиперпродукција на јавните органи. Имено, дали самостојните органи се реална потреба или мода во Република Македонија? Дали постојат конкретни утврдени правила и критериуми врз основа на кои се одлучува кога и на кој начин ќе се основа еден орган, каква е финансиската реперкусија со нивното основање и дали над овие органи може да се спроведе контрола над ефективноста во нивното работење? При тоа, како основна цел на истражувањето е да се укаже на потребата од донесување посебен закон со кој ќе се уредат основните стандарди и принципи за работењето на независните органи како и за утврдување критериуми што треба да се исполнат за да може да се основа независен орган. Едноставно, постои потреба од унифицирани критериуми, посебно во однос на статусот на вработените, одговорноста, платите и сл. Ова, од друга страна, укажува дека е потребна нивна рационализација на која би ѝ претходеле детаљна функционална и институционална анализа. Односно потребно е да се утврди економската и финансиската целисходност на основање на регулаторните тела и да не се создава преклопување на надлежностите помеѓу повеќе органи.

Toggle Accessibility Mode