THE USE OF ILLEGALY OBTAINED EVIDENCE IN THE CRIMINAL PROCEEDINGS Cover Image

УПОТРЕБАТА НА НЕЗАКОНСКО ПРИБАВЕНИ ДОКАЗИ ВО КАЗНЕНАТА ПОСТАПКА
THE USE OF ILLEGALY OBTAINED EVIDENCE IN THE CRIMINAL PROCEEDINGS

Author(s): Besa Arifi
Subject(s): Law, Constitution, Jurisprudence, Criminal Law
Published by: Makedonska akademija na naukite i umetnostite
Keywords: illegally obtained evidence; criminal proceedings; human rights
Summary/Abstract: Во февруари 2015 година во Република Северна Македонија (РСМ) започна процесот на објавување на незаконско прислушуваните разговори. Разговорите открија информации за одредена програма на тајно прислушување водена од тајните служби уште од 2008 година. Првостепената пресуда во случајот „Таргет-тврдина“ кој беше покренат од Специјалното јавно обвинителство кое беше основано токму за да ги гони кривичните дела во врска со и кои произлегуваат од процесот на незаконитото прислушување, воспостави дека тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање (УБК) го спроведувало незаконското прислушување на повеќе од 20 000 граѓани, новинари, актвисти на невладиниот сектор, членови на опозицијата и владини функционери. Целиот процес обелодени информации за можни коруптивни случаи, злоупотреба на власта, кривични дела од изборен криминал и организиран криминал. Судските постапки кои се спроведоа и се спроведуваат во однос на делата кои се поврзуваат со незаконски прислушуваните разговори отворија дебата во врска со употребата на незаконски прибавените докази во судската постапка. Во тоа време, првостепениот кривичен суд ги отврли прислушуваните разговори како докази и одлучи дека истите може да се користат само како индиции. Апелациониот суд одлучи дека сепак тие разговори може да се користат како докази. Врховниот суд имаше намера да дискутира на ова прашање во општа седница, која подоцна беше одложена. Овој труд ќе се осврне на домашната и меѓународна судска практика во однос на употребата на незаконско стекнатите докази во казнената постапка.

Toggle Accessibility Mode