СОЦИО-ЕКОНОМСКИ ДЕТЕРМИНАНТИ НА ЗДРАВОТО И АКТИВНО СТАРЕЕЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА
SOCIO-ECONOMIC DETERMINANTS OF HEALTHY AND ACTIVE AGING IN MACEDONIA
Author(s): Neda Milevska-Kostova, Snezana ChichevalievaSubject(s): Politics / Political Sciences
Published by: Центар за регионални истражувања и соработка Студиорум
Keywords: /
Summary/Abstract: Во последниве години, стареењето, и особено здравото стареење, станува се поактуелна тема, како меѓу општата јавност, така и меѓу академската и професионалната заедница. Здравото и активно стареење претставува процес, а не состојба, кој навлегува во сите сегменти на општествениот живот, и директно или индиректно го засега целокупното население. Овој труд дава преглед на концептот и дефинирањето на здравото а активно стареење во светски рамки, и се осврнува на социо-економските детерминанти на здравјето и здравото стареење на повозрасното население во Република Македонија, преку анализа на податоците добиени од пилот истражувањето спроведено меѓу пензионерите во Градот Скопје, со цел утврдување на идните чекори и активности во тековните и идните применети политики за овозможување здрав и долготраен живот почитувајќи ги човековите права на секој/а граѓанин/ ка во Македонија.
Journal: ЕВРОДИЈАЛОГ Списание за европски прашања
- Issue Year: 2013
- Issue No: 18
- Page Range: 61-87
- Page Count: 27
- Language: Macedonian