(ADMINISTRATIVE) JUDICIAL PROTECTION OD THE RIGHT OF QUALITY AMBIENT AIR Cover Image

(УПРАВНО) СУДСКА ЗАШТИТА НА ПРАВОТО НА КВАЛИТЕТЕН АМБИЕНТЕН ВОЗДУХ
(ADMINISTRATIVE) JUDICIAL PROTECTION OD THE RIGHT OF QUALITY AMBIENT AIR

Author(s): Ana Pavlovska Daneva, Konstantin Bitrakov
Subject(s): Law, Constitution, Jurisprudence, Energy and Environmental Studies
Published by: Makedonska akademija na naukite i umetnostite
Keywords: quality ambient air; air protection plan; administrative dispute; administrative judicial protection
Summary/Abstract: Не постои потреба особено да се елаборира дека правото на (дишење) квалитетен амбиентен воздух претставува едно од фундаменталните човекови права. Евидентно, правото на квалитетен амбиентен воздух тангира и бројни други човекови права. Тука особено би се издвоиле правото на живот и правото на чување и унапредување на сопственото здравје. Како такво, правото на квалитетен амбиентен воздух имплицира повеќе обврски за државите. Односно, државите мораат да преземаат извесни дејствија со цел индивидуите ефективно да го уживаат правото на квалитетен воздух. Овие обврски ги сумира Специјалниот известувач за човековите праваи животната средина на Обединетите нации во својот извештај A/HRC/40/55. Помеѓу нив се јавува и обврската за развој, усвојување и спроведување на планови за зашита на воздухот. Ваква обврска е предвидена во Законот за квалитетот на амбиентниот воздух на Република Северна Македонија. Сепак, практиката покажува планови за заштита на амбиентниот воздух не се донесуваат (што значи дека, сосема логично, не се ни спроведуваат). Оттука, во овој труд се поставува прашањето – дали граѓаните на Република Северна Македонија имаат на располагање судска заштита во случај кога јавните органи не ги исполнуваат своите законски обврски, односно не донесуваат планови за зашти та на амбиентниот воздух? Основната хипотеза, пак, е дека судската заштита може да ја пружаат управните судови во управен спор. На таа линија се и компаративните примери понудени во текстот.

Toggle Accessibility Mode