Како лажните вести влијаат врз академската писменост: Случајот на мала држава што ги зацврсти резултатите од изборите во САД
Феноменот ,,лажни вести“ се шири со алармантна брзина во последниве две декади. Создавањето лажни вести и нивното распространување влијае врз нашата дигитална писменост и нашите компетенции како читатели и едукатори. Проблемот се усложнува со отсуството на критичка перспектива кон дигиталното образование. Оваа студија ја анализира врската помеѓу создавањето лажни вести во периферна земја во Европа и претседателските избори во САД. Целта на ова истражување со кое се анализира вистински настан од 2016 е да ја дефинира дигиталната писменост, да понуди нов пристап кон нејзино развивање и да понуди начини што би им помогнале на студентите, кои воедно се и активни читатели на вести, да препознаат проблематична содржина. Воедно би им дале повеќе моќ на читателите за успешно партиципирање во демократско општество.
More...